Skip to main content

„Победа“ ќе биде казнета

УЕФА ја извести Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за истрагата поведена за Победа за наводно местење на натпреварот од ЛШ со Пјуник од 13 јули 2004 година (1-3).

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
УЕФА ја извести Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за истрагата поведена за Победа за наводно местење на натпреварот од ЛШ со Пјуник од 13 јули 2004 година (1-3).

Европската куќа работи по пријава на двајца македонски новинари, а, освен клубот, под истрага се и претседателот на Победа и еден неименуван фудбалер.

„Ја добивме информацијата од УЕФА за покренатата истрага и како Федерација ја поддржуваме секоја активност за заштита на спорот од нечесни игри. ФФМ ќе ги почитува и ќе ги спроведе сите одлуки што се во согласност со актите и со статутот на Федерацијата. Контактирав со одговорните на УЕФА и добив информација дека истрагата е покрената врз основа на пријава од новинари од Македонија, кои ќе бидат повикани да сведочат за расчистување на случајот “ изјави Хари Хаџи-Ристески, претседател на ФФМ.

rakovodstvoУЕФА случајот го отвора пет години по натпреварот, а се шпекулира дека имало многу облози на победа на гостите и на три постигнати голови во првиот дел, за кои коефициентите биле многу високи. Изјави се побарани од Победа и од нејзиниот претседател Ацуле Забрчанец, кој и во 2004 година ја извршуваше таа функција. Докажувањето за местење натпревар е тешка работа, а доколку биде утврдена вина на прилепчани, тие ќе бидат исфрлени од сите европски купови во одреден временски интервал, а постои можност да бидат преселени во понизок ранг на натпреварување.

„Ние сме членка на УЕФА и на ФИФА, и должни сме да ги спроведуваме одлуките кои во вид на препораки ни ги испраќаат. Тие се задолжителни и, ако решат дека Победа е виновна и дека треба да се симне во понизок ранг натпревари, ние тоа мораме да го направиме. Ништо не зависи од нас “ вели Миле Спиркоски, комесар за натпреварување на ФФМ.

Комисијата за внатрешна контрола и Дисциплинската комисија на УЕФА одлуката за овој случај ќе ја донесат на 17 април годинава.

 

{loadposition content9}