Изложени oсумдесеттина цртежи од учениците кои ја посетуваат Бреин о Бреин програмата
Изложени oсумдесеттина цртежи од учениците кои ја посетуваат Бреин о Бреин програмата.
Одржана изложба на учениците кои ја посетуваат Бреи обреин програмата. Малите мозочиња покажаа дека поседуваат и ги развиваат бројните вештини и талентот за цртање. Шест деца учествуваа на Арт хепенингот во Скопје и се стекнаа со сертификати.
„Направивме избор на најуспешните 6 цртежи и учествуваме во Скопје. Таму стручни лица направија избор на најуспешните и беа изложени во културен центар во Скопје. 6 најуспешни ученици се здобија со сертификат за учеството. Цртежите беа многу искрени и креативни, рај за очи“, нагласува ментрот Валентина Кузманоска.
Покрај тие 6 цртежи беа изложени уште 80 цртежи. Темата беше по слободен избор на децата кои ликовно се изразија секој според своите афинитети и склоности. Изложените цртежи беа во три категории од 3 до 5 години, од 6 до 10 години и деца над 10 годишна возраст. Кузманоска во иднина најави и други активности.
„За сите деца кои имаат уметнички талент, за пишување и музика, ќе организираме настани за секое дете да покаже што знае и умее“, истакна Кузманоска.
Цртежите на охридските ученици од Бреин о Бреин учествуваа во силна конкуренција од 17 центри од земјава. Со сертификати се стекнаа учениците Софија Смическа, Ѓорѓи Најдески, Мелда Сарач, Голабоска Теодора, Иван Синадиноски и Мартин Петкоски.