Skip to main content

Се поставуваат цефководи и сливници на улицата „Цар Самоил“

Се поставуваат цефководи и сливници на улицата „Цар Самоил“. Со тоа ќе се реши еден  долгогодишен проблем на жителите на оваа улица кои при пообилни врнежи се поплавуваа. Овај проект треба да заврши до крајот на месецот доколку временските услови дозволат работа на терен.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Улицата „Цар Самоил“ затворена за сообраќај. Веќе неколку дена на неа се вршат интензивни работи од страна на ЈП „Нискоградба“. Се поставуваат цефководи и сливници за опфаќање и одведување на атмосферските води како и собирна решетка и цевки со дијаметар 300 мм преку кои дождовницата ќе се пренесува до Охридското езеро.

Изградбата на атмосферска канализација на улица Самоилова е долгогодишен проблем на жителите на оваа улица, а општина Охрид го реализира преку програмата за изведба на нови атмосферски канализации на територијата на Општина Охрид во рамките на секторот за Комунални дејности, сообраќај и улици  при општина Охрид, веќе десеттина дена се работи на терен според склучениот договор меѓу општината и ЈП „Нискоградба“ и кој е во вредност од околу 500 000ден. и кој ова јавно претпријатие го обврзува да постави нова атмосферска канализација во должина од околу 100 метри на овој потег, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој.

Танески потенцира дека со проблемот на насобрана дождовница посебно наспроти Стопанска банка- подружница Битола се соочувале не само жителите туку и туристите кои секојдневно поминуваат тука за да го разгледуваат стариот дел на градот. Тој додава дека ваква слика навистина не му доликува на туристички центар како што е Охрид.

Во рамките на овој проект локалната предвиде и изведба на шест сливници во близина на објектот на Капетанијата на пристаништата на РМ, со што водата која при секои пообилни врнежи се собираше таму сега ќе оди во сливниците и ќе се одведува во езерото, објаснува Танеаски.


Овај проект треба да заврши до крајот на месецот доколку временските услови дозволат работа на терен. После поставувањето на цефководите и сливниците ќе следува поплочување на улицата.