Skip to main content

Мостот на желбите остана без поставените хороскопски знаци

Мостот  на желбите остана без поставените хороскопски  знаци.

 |  Валентина Неловска  | 

Мостот на желбите што води кон Канео повторно е во лоша состојба. Дел од оградата  е разнишана, а дел одсечена од паднато дрво. Дрвените штици исто така попуштиле под налетот на југот, а светилките се или искршени или не светат. Сето тоа ја  загрозува безбедноста на минувачите.

Иако подолго време се најавува изградба на нов мост кој полесно ќе го поврзува Канео  со центарот на градот од неговата изградба досега нема  нешто конкретно. Останавме без одговор од локалната самоуправа  до каде е постапката со изгрдбата  на новиот мост.  Од општината од есента 2015  најавуваат дека на местото од Мостот на желбите ќе се гради нов мост. Една  година претходно  издадоа решение за  отстранување на мостот на желбите затоа што бил дивоградба. Но, тогаш во интерес на туристичката сезона, сепак мостот преживеа. Изградбата на Мостот на желбите од страна на бизнисменот Велија Рамковски уште пред девет години  крена многу прашина. Институциите на државата и тогаш реагираа дека мостот е дивоградба, додека тогашната локална самоуправа ја поздрави неговата изградба оценувајќи дека овој премин е во интерес на развојот на туризмот. Со секојдневната употреба од страна на гостите и локалните жители од Канео  ја оправдува својата функција. 

Инаку во ноември 2014 година, Министерството за транспорт и врски објави Јавен оглас за изработка на проектна документација за изградба на пешачка патека од охридскиот плоштад до црквата „Св.Јован Канео“ и поврзување со патека до плажата Лабино.

Вредност на проектната документација без ДДВ беше проценета на околу 19.000 евра или 1,2 милиони денари.