Skip to main content

При пообилни врнежи од дожд сеуште некои улици во градов се поплавуваат

При пообилни врнежи од дожд сеуште некои улици во градов се поплавуваат. Од ЈП „Нискоградба“ велат дека го имаат лоцирано проблемот и дека работат на негово решавање. Уште со завршување на летната сезона започнале со чистење на шахтите и сливниците во градов. Но за ваквата појава дел од вината ја фрлаат на неефикасното функционирање на колекторскиот систем.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Граѓаните од одредени улици во градов се жалат дека при пообилни врнежи од дожд редовно се поплавуваат. Улиците пливаат во вода, а не ретко таа навлегува и во нивните подруми. Такви критични точки има на улицата „Никола Карев“ на „Сирма војвода“, кај Тинекс маркет, во населба Даљан и на улицата „Цар Самоил“. Од ЈП „Нискоградба“ велат дека го имаат лоцирано проблемот и дека работат на негово решавање. Уште со завршување на летната сезона започнале со чистење на шахтите и сливниците во градов. 

Одржувањето на мрежата и цевководите е обврска на ЈП „Нискоградба“, но другиот фактор кој допринесува за навремено одведување на отпадните води е колекторскиот систем. Тој бидејќи не работи со полн капацитет и при пообилни врнежи од дожд не ја задоволува потребата од прибирање на поголема количина отпадни води. Затоа во времетраење од час до час и половина на некои критични точки водата се собира и не може да се одведе преку шахтите, вели Илче Каневче, раководител на одделение на човекови ресурси.

Во Охрид одводниот систем е поделен на атмосферска, фекална канализација и мешовита. Околу 40% од канализацијата е сепарирана, но останатиот дел е од мешовит карактер каде се собираат и фекални и атмосферски води. Четири од првите точки кои ги имале зацртано за чистење на шахтите и сливниците веќе се завршени. Тоа е централното градско подралчје, стариот дел на градот, улицата „Цар Самоил“, „Коста Абраш“, „Климентов универзитет“, „Македонси просветители“, „Кеј Македонија“, се работи на улиците „Јане Сандански“, „Никола Карев“, делот околу Тинекс маркетот, на „Галичица“.  Се работи и на дел од „Радојца Новичиќ“, дел од Видобишта, на улицата „Марко Цепенков“. Исчистен е цевководот и дел од сливниците во село Велгошти  дел во Лескоец. Капацитетот на цефките многупати е премал за да ги прибере сите отпадни води па доаѓа до излевање, објаснува Каневче. Но тој додава дека во голема мера и граѓаните придонесуваат за намалената функционалност на системот.


Апелиравме до граѓаните и во летниот период, апелираме и сега осебно есенва кога е период на ставање зимници, се она што е цврст отпад да не се фрла во шахтите и сливниците. Ние ќе помогниме за нивно чистење, но и тие да помогнат да со својата совесност и свесност, вели Каневче.


Останува да се доисчистат уште улиците во населбата „Радојца Новичиќ“ и деловите према Видобишта и дел од Лескоец, Орман, Лакочереј. Kаневче напомeнува дека на терен се ангажирани две екипи кои прават физичко чистење, а по потреба ќе се ангажираат и екипи за профилактичко чистење со црево. Повикуваат граѓаните да се јавуваат на нивниот телфонски број за секој проблем или дефект за нивните служби веднаш да интервенираат.