Обука за пријава на движен и недвижен имот под закуп
Обука за пријава на движен и недвижен имот под закуп.
Граѓаните се едуцираат како да ги плаќаат даноците кон државата оствaрени од кирии. Издавачите на станови, деловни простори, дуќани, земја, опрема или превозни средства кои оствариле приходи треба да пријават данок аконтативно и со годишни даночни пријави. Даночното одделение на УЈП Охрид одржа едукативна обука наменета за сите субјекти за поголемо доброволно пријавување и плаќање на данок, информираат од УЈП. Има субјекти кои редовно плаќаат данок, но има и такви кои ја избегнуваат таа обврска но се во помал број, посочува шефот на подрачната единица на УЈП Охрид, Виолета Блажеска.
„Околу пријавувањето на данокот, колегите ќе одржат обука и ќе може да поставуваат прашања , очекуваме да има сметководители, агенции, станоизвадачи. Tреба да има пријави од станоиздавачи. Тие пријавуваа годишна даночна пријава, но имаат обврска да пријавуваат и аконтативна даночна пријава и не се исклучени од аконтативната даночна пријава 15 дена однапред од оставрувањето на приход“ , напоменува Блажеска.
За становите кои се користат за живеење не се плаќа ДДВ, појаснува Блажеска.
„За овие приходи е важно да кажиме дека доколку го надминат во текот на годината износот од 1 милион денари, истите треба да се регистрираат и за целите на ДДВ“, кажа Блажеска.
Во 2016 година до Подрачното одделение на УЈП Охрид се доставени 699 пријави од лица кои оствариле приход од кирии.
За сите кои оствариле приход по основ на издавање под закуп, а нема да поднесат даночни пријави ќе следи глоба од 100 до 200 евра во денарска против вредност.