Skip to main content

Кривични пријави за малолетните хулигани

Полицијата ги идентификува лицата  кои ја иницираа тепачката пред три дена во Струга.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Малолетните средношколци со иницијали О.Г.,  В.С. и  К.Б.  заработија кривични пријави за  иницирање на тепачка во Струга, а во која беа вклучени повеќе лица. Поради основано сомнение дека сториле  кривично дело „Насилство“, полициската станица Струга против нив поднесе кривични пријави. Станува збор за тројца средношколци во втора година од  “Ибрахим Темо“ , а родени 1992 и 1993 година од Велешта. Заработија три кривични пријави за насилство. Тие на 27 март веднаш по завршувањето на часовите , со поголема  група на нивни сооученици ги следеле трите лица со кои имале од порано меѓусебни нерешени односи  и меѓусебна нетрпеливост кажа, Стефан Димоски портпарол од СВР Охрид. Трите пријавени лица, околу 12 часот, по завршувањето на часовите, извршиле физички напад врз три  лица, нивни соученици удирајки ги со тупаници и метални предмети. Притоа, лицето А.С. од Струга се здоби со тешки телесни повреди односно со фрактура на носната коска. Истиот е пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во болницата ,,Св.Еразмо“, во Охрид и е задржан на понатамошно лекување.

OVR StrugaВо тепачката се вклучиле и останатите ученици. Врз нападот на  повредените ученици, се вклучиле и други ученици кои биле во групата  на пријавените, а при тоа со метална шипка во пределот на главата бил удрен еден од учениците кај кого се констатирани лесни телесни повреди. Со лесни телесни повреди се здобил и Б.П. ученик од истото училиште. Со цел расветлување на случајот, во Полициската станица, Струга на разговор, повикала  24 лица ученици од училиштето како и  дополнително со  9 лица е обавен разговор за околностите кои претходела на тепачката.

Полициските службеници преземаат дополнителни мерки за откривање на инволвирани и други ученици во овој настан, по што ке бидат поднесени прекршочни пријави изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На денешната прес конференција беа објавени целосните имиња и презимиња на иницијаторите на тепачката, но ТВМ ги објавува само нивните иницијали затоа што станува збор за малолетни лица.

{loadposition content9}