Александар Кирацовски проверуваше дали се вршат политички закани и притисоци врз јавната администрација во Охрид
Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, денес во Охрид проверуваше далисе вршат политички закани и притисоци врз јавната администрација. Тој оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески кој рече дека ќе се разгледаат сите можности за да се спречат било какви притисоци врз јавната администрација и додаде дека за таа цел треба да се заложат сите и институциите и министерствата и партиите.
Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, денеска во посета на Општина Охрид. Причина за посетата како што рече е секојдневното пријавување од страна на граѓаните политички закани и притисоци. Заканите се однесуваат на намалување на плата, закани за прераспределба од едно на друго работно место, дисциплински мерки како и спроведување на казненото отценување. Тој остварил средба со градоначалникот Никола Бакрачески.
Денес на градоначалникот Бакрачески му предочив една ситуација во која оваа општина по налог на секрертарот на општината во седиштето на старата општина Косел имаме таканаречена казнена експедиција на општинари кои што претходно биле неистомисленици со власта и работата во несоодветни услови, а тоа треба да се промени тоа е недозволиво, рече Кирацовски.
Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, е изненаден од обвинувањата упатени кон него дека има казнена експедиција од вработени во Косел што го посочува како лице кое врши директни притисоци врз администрацијата.
Јас ниту како човек ниту какао вработен во Локалната самоуправа не сум извршил било каков притисок врз некој вработен во Локланата самоуправа и господинот Кирацоски во тоа може да се увери и од вработените кои се блиски до функционерите во СДСМ кои работат во Локланата самоуправа, вели Спасески.
Градоначалникот Никола Бакрачески ги отфрли обвинувањата.
Во досегашното работење ниту јас како градоначалник ниту мојот тим сме вршеле некакви отворени притисоци на вработените во Локланата самоуправа и Јавните претпријатија со цел остварување некакви политички агенди или активности, кажа градоначалникот и подвлече дека така ќе биде до крајот на неговиот мандат. Тој потенцираше дека локланата постојано работи на унапредување на условите за работа на административците вклучително и на одделениетом во Косел.
Бакрачески ги повика вработените во ллокланата самоуправа да се охрабрат и секој оној кој ќе почуствува неадекватен третман, притисок или закана од раководно лице да се обрати лично до него во било коер време, а тој вети дек аќе преземе мерки доколку таквите пријави не се тенденциозни.
И Кирацовски и Бакрачески рекоа дека ќе се залагаат за фер и демократски избори на 11 декември.