Охриѓани очекуваат подобра иднина
Престојните избори кои ќе се одржат на 11 Декември годинава ќе решат големо и тешко прашање за Македонија, сметаат дел од граѓаните на Охрид. Некои од нив очекуваат фер и демократски избори и се надеваат дека граѓнаните ќе ја одберат опцијата која што нив им одговара. Сепак различни се очекувањата на охриѓани во пресрет на предвремените парламентарни избори.
Различни се очекувањата на нашите сограѓани од предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември. Сите се согласни околу едно, очекуваат подобра иднина. Некои се надеваат дека ќе се стави крај на политичката криза, а ги има и оние кои не веруваат во тоа. Има и граѓани сеуште се сомневаат дека изборите воопшто ќе се одржат.
„Мислам дека се ќе биде во ред ќе биде релаксирано, народот навикна го знае редот, секој си има свое мислење и ќе ја одберат опцијата која им одговара“. „Очекувањата се големи. Доколку дојде до промена на владеачката гарнитура дека ќе заживее правото, правната држава, а со тоа ќе се создадат услови и за еден подобар живот во Македонија“. „Дај боже да се одржат па полсле ќе видиме се надеваме на најубавото нешто“. „Очекувањата се како за другите така и за мене, која партија ќе добие за народот да биде подобро, да бидат повисоки платите како што ветуваат“. „Да има поголемо вработување, економскиот раст да биде подобар има голема сиромаштија, тоа се гледа за време на пазарните денови, колкава е куповната моќ на еден граѓанин и нормално да има поголеми инвестиции. „Ако се работи за лично прашање, во партија може да биде секој човек. Јас не сум партиски определен човек јас ја сакам Македонија повеќе од сите, не живеам од ниту една партија. Треба да ги опулиме очите малку повеќе овие се тешки избори“.
Охриѓани очекуваат од новата власт без разлика од кои партии и да е составена, да го реши проблемот со невработеноста, надминување на политичката криза, да се подобри животниот стандард, да се намалат давачките, зашто во вакви услови се гушат малите приватни бизниси, да се врати довербата на граѓаните во институциите. Кандидатите за пратеници и партиски активисти до 11 декември ќе ги прошетаат градовите и селата а гласачите ќе слушаат ветувања за нови работни места, повисоки плати , пензии и субвенции, подобрување на инфраструктурата, здравството, образованието. Двете најголеми политички партии мерките за подобар живот ги ставија на хартија во новите програми. ВМРО ДПМНЕ ја наслови програмата Реално а опозициската СДСМ има План за живот во Македонија.