Skip to main content

ВМРО за Македонија: Ние ќе ја правиме новата Влада

Гледајте на нас како алтернатива за спас на земјата од ситуацијата во која не доведоа двете главни партии во државата. Ние ќе бидеме тие што ќе одлучуваме и ќе ја правиме новата влада во Македонија, истакна лидерот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски. Синоќа, тројцата лидери од обиденетата коалиција, ВМРО за Македонија ја започнаа предизборната кампања, од Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Македонија ќе ја кренеме на нозе и ќе ја направиме пристојно место за живеење, а не коридор за бегство на илјадници македонски чеда. Оваа порака синоќа од Охрид ја упати Љубе Бошкоски носителот на листата во 5ИЕ од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Под слоганот „Заедно за силна Македонија“. Од оваа коалиција убедуваат дека имаат капацитет да ја консолидираат државата, а нивната програма наскоро и официјално ќе биде објавена.

„Ние ја испишуваме заедно со оние ваши пораки кои ги добиваме на во ова современо време на Твитер Фејзбук, добиваме пораки кои ме запрепастуваат. Времето на моќниците во РМ заминува затоа што ние доаѓаме со јасна визија за Македонија, со решавањето на сите сериозни проблеми со кои е соочен македонскиот граѓанин“.

Лидерот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски, истакна дека нивната коалиција е формирале со цел да го создадат третиот пат, обединетата десница.

„Се што е над 15 пратеника што ќе го дадете на нашата коалиција, Ве уверувам дека ќе биде гаранција за демократијата на Македонија за ваша безбедност, за вашите работни места дека никој нема да ве брка, за економијата, за бизнисот и повторно враќање и осигурување на она што еднаш го имаше во Македонија, вистинска и реална демократија

Пред присутните во ЦК „Григор Прличев“ се обрати и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов. Тој истакна дека приоритети на коалицијата ќе бидат: спроведување итен попис на населението, враќање на граѓанското општество, еднаквост на сите пред законите, дијалог со сите, децентрализација на државата, унитарност, силна полиција и армија.

„Уште еден проект за кој што ние се залагаме како коалиција е овозможување на бесплатно лекување во странство. На сите нас а верувам и на сите вас овде во салата ни е смачено да читаме огласи како болни деца бараат помош, плачат за да добијат пари за да си го продолжат својот живот. Такво нешто не смееме да дозволиме. ВМРО за Македонија ќе овозможи бесплатно лекување во странство на сите македонски граѓани на кои што им е потребно тоа“.

Синоќа во преполнетата сала во центарот за култура Григор Прличев, беа претставени и кандидатите за пратеници во 5-та Изборна единица каде носител е Љубе Бошкоски.ОД Охрид на листата се : Ванчо Костоски, Ратко Домазатоски и Билјана Мојсоска од ВМРО НП Владимир Каневче и Тања Ставреска од Обединети за Макеоднија.