Skip to main content

Реакција на СДСМ на пресот на Коалицијата за Македонија

Граѓаните се сведоци дека од сето она што во изминативе години беше најавувано за Охрид, апсолутно ништо не е реализирано, стои во реакцијата на О.О. на СДСМ од Охрид.

 |   | 

„Граѓаните се сведоци дека од сето она што во изминативе години беше најавувано за Охрид, апсолутно ништо не е реализирано“, стои во реакцијата на О.О. на СДСМ од Охрид.

„Ниту охриѓани пазарат во затворен пазар, ниту возрасните охриѓани го добија Домот за стари лица, ги нема ниту катните гаражи, а и изградбата на затворениот базен која помпезно ја најавија, не е мрдната од мртва точка.

СДСМ и коалиционите партнери имаат План за живот во Република Македонија со кој конечно државата, после еднодецениското тонење во сите сфери од живеењето, ќе тргне во вистинскиот правец.

На 11ти декември, граѓаните ќе одберат живот наместо празни ветувања, корупција и криминал“, се вели во реакцијата на О.О. на СДСМ од Охрид.