Skip to main content

Болестите на зависност треба да се превенираат

Болестите на зависност треба да ги превенираме, пред младите да пробаат цигара, алкохол, дрога и останати супстанции кои ствараат зависност. Експертите од оваа проблематика сметаат дека потребно е пополнување на слободното време на младата пополација преку градење на вештини за здрави животни стилови.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Пушењето е најшироко застапена зависност. Денес во големата општинска сала се одржа завршна трибина на проектот Превенција на болести на зависности. ОО на Црвен Крст Охрид со своите обучени едукатори во текот на месец ноември одржаа низа предавања на тема зависности од никотинизам, алкохолизам, злоупотреба на дрога. Тие активности беа со цел да се подигне свеста во локалната заедница особено кај младите за постоењето на „болести на зависности“ во опкружувањето.

„Поради самиот факт што лесно се доаѓа до цигарите и релативно ниската цена цигарите, како и големиот број на пушачи, рекламите на цигари, значи сето тоа прави да пушењето претрставува најшироко застапена зависност особено кај младите. Пушењето претставува суштински феномен со социјални и економски импликации.

Од Центарот за рехабилитација на корисниците на дроги велат дека примарната превенција која што се врши во нашиот град е од голема корист, но според психологот од овој центар Жанета Никовска Стојковска, само тоа не е доволно. Делувањето на свеста кај младите уште пред да пробаат супстанции на зависност тоа да биде пополнето со градење на вештини за здрави животни стилови на нашите деца.

„Кај 75% од младите лица таа не е доволна. Со превентивните програми со кој започнале тие во вид на едукативни предавања и зголемување на знаењето на младите лица за штетните последици од злоупотребите на дрога и другите супстанци на зависност, се доаѓа до некаков резултата а тоа е одлагање на времето на започнување со злоупотреба значи превентивните активности не се доволни

Секој треба да работи на подигнување на свеста кај населението, како штетите од болестите на зависност, би биле помали, истакана Славица Илиќ.

„Имаме добри показатели и резултати дека младите беа задоволни од обуките. Се зборуваше за алкохолизмот, никотинизмот и користење на дрогите. Но освен овие работилници ние во текот на цела година промовираме здрави стилови на живеење и даваме иницијативи и учествуваме во разни акции кои промовираат здрави стилови на живеење

Врсничките едукатори исто така имаа главана улога во проктот Превенција на болести на зависности. Тие не само што посетуваа обука за едукатори туку на учениците од охридските средни и основни училишта им држеа предавања на оваа проблематика.

„Треба да се избегнува посегнување на болестите на зависност, бидејќи тие негативно влијаат на нивното здравје

За актуелните случувања, податоци и опасностите од болестите на зависност предавања држеа стручни лица од институциите кои ја третираат оваа проблематика. За успешна превенција од болестите на зависност кај младите потребна е вклученост и на пошироката заедница, родителите, просветните работници, претставници на невладините организации, медиумите.