Арнаудов: Поголем дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ е посветена на младите и нивниот правилен развој
Денес кандидатот за пратеник во 5ИЕ од Коалицијата за подобра Македонија, Д-р Љубен Арнаудов одржа пресс конференција на игралиштето во село Лескоец. Тој од таму порача дека ВМРО ДПМНЕ во својата програма РЕАЛНО предвидува младински проекти во сите општини на Република Македонија. Арнаудов потенцира дека младите секогаш учествувале во креирањето на политиките и во донесувањето на значајни одлуки во државава. Токму поради тоа поголем дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ е посветена на младите и нивниот правилен развој.
Во Охрид во насока на поддршка на спортскиот дух и промоција на спортот и спортските активности за љубителите на кошарката е предвидена изградба на четири кошаркарски игралишта. Предвидена е реализација на проектот за популаризација на повеќе спортови: ракомет, фудбал, ватерполо, кајак, веслање, едрење, бадминтон, пинг-понг, одбојка на песок вклучувајќи на истите и бесплатни часови за обука чија што целна група се деца, младинци и други посетители. Исто така за општина Охрид е предвидено реализација на проектот локални младински совети, а токму преку овој проект младите можат директно и непосредно да предлагаат проекти и мерки со што би го унапредиле развојот на општината. Сведоци сме на проекти за млади кои се реализирани изминатиов период како изградба на фудбалско игралиште на вештачка трева кое е веќе во употреба. Проектите на ВМРО ДПМНЕ за младите во Охрид и во иднина ќе продолжат да се реализираат, како пример за тоа се затворениот базен и фитнес зоните и уште многу многу други, рече Д-р Љубен Арнаудов, кандидатот за пратеник во 5ИЕ од Коалицијата за подобра Македонија.