Шекеринска: Планот за живот во Македонија гарантира дека младите од целата држава ќе останат тука
Радмила Шекеринска, носителот на листата во 5ИЕ од СДСМ и коалиционите партнери денес во Охрид презентираше дел од Планот за живот во Македонија. Во него се гарантира дека со мерките кои ќе се превземат, младите од целата држава ќе останат во Македонија и тука ќе создаваат семејства, тука ќе најдат работа и тука ќе ги најдат своите шанси за успех.
Во Охрид сите граѓани велат дека ова е проблем број еден, дека градот се празни, младите заминуваат, затоа што тука не гледаат ниту шанса за пристоен живот ниту шанса за било каква работа. Нашиот план за живот во македонија го има овој проблем како приоритет број еден. Во тој план предвидуваме 140 милиони евра насочени кон домашните компании за да создаваат нови работни места и да обезбедуваат повисоки плати. Дополнително ќе обезбедиме за сите домашни мали и средни претпријатија кредити во износ од 15 000 евра со камата од само 1% за ад можат тие да се развиваат и да отвараат нови работни места, да нудат подобри услови за работа за сите свои вработени. На младите од Македонија им даваме шанса да почнат и свој бизнис, да бидат сопствени газди и да ја искористат таа шанса преку неповратни 10 000 евра дадени за секоја добра бизнис идеја, рече Радмила Шекеринска, носителот на листата во 5ИЕ од СДСМ и коалиционите партнери.