Skip to main content

Во Охрдското Езеро пуштена последната тура на подмладок на јагула


Охридското Езеро трет пат годинава се порибува со јагула. Вкупната количина е 2800 килограми подмладок јагула или околу 90 000 парчиња. Порибувањето се изврши денес од седум локации на Охридското Езеро.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Охридското Езеро денес беше порибено со околу 30 000 парчиња подмладок од јагула. Во текот на 2016 година езерото три пати се пориби со подмладок од јагула, а тоа го врши АД ЕЛЕМ. 

Порибувањето се вршеше од неколку локации почнувајќи од пред ресторанот „Ревиера“, Струга, па Радожда, Калишта, Сатеска, Андон Дуков, Охрид и во подлабокиот дел од езерото.

„Битно е дека рибата е здрава, набавена е од Грција, проверена е автентичноста и автохтоноста на типот, нема паразити тоа е проверено во институтот за ветеринарство и сточарство го помина периодот на карантин, рибата е здрава, со надзор на ветеринарна управа и денеска се порибува во присуство на инспектори за рибарство и земјоделство од подрачната единица во Струга“.

Директорот на ХЕС „Црн Дрим“ Тони Маркоски,нагласува дека изминатите пет години имало прекин во порибувањето поради ЕУ регулативи за влез и излез на јагулата што пак се одразило врз фондот на јагулата. Но тие пречките биле надминати и затоа годинава трипати се пуштил подмладок во водите на Охридското Езеро за надоместување на пропуштеното во минатите години, според препораките од Институтот за сточарство и Министерството за земјоделство и бил надоместен недостатокот од изминатите години. Според Маркоски традицијата која е започната во 1965 год ќе продожи.

„ЕЛЕМ како и секогаш во минатото уште од 1965 год почнал да се грижи за животна средина некогаш имал и строга обврска да го врши порибувањата. Денес можеби и не е толку строга затоа што патот на јагулата е попречен и од некои електрани изградени во Р.Албанија. Но, ние како компанија се декларираме дека секогаш ќе вложуваме во унапредување на животната средина и во рамки на таа декларација ја задржуваме обврската за порибување истата ќе ја продолжи и понатаму со исто темпо

Само годинава Охридското Езеро е порибено со околу 2.800 килограми или околу 90.000 парчиња млада јагула. Следното порибување предвидено е да се изврши во 2018 година, со што ќе се продолжи праксата од минатото, кога на две години езерото се порибувало со околу 100.000 парчиња подмладок од јагула.