Ќе се субвенционираат селски куќи за туристички цели
Нова мерка за поддршка на селските домаќинства. Министерството за економија ќе ги субвенционира трошоците за адаптација, уредување на селските куќи кои би се издавале за туристички цели дури 60% од докажаните трошоци кои нема да бидат повисоки од 200 000 денари.
Со цел активирање на сите ресурси, потенцијали, чинители, на туризмот како и можност за дополнително обезбедување на средства, денес во Струга, беше формирана, Мрежата за инклузивен регионален развој на Југозападен плански регион. Тоа значи поддршка на 9 те општини кои го сочинуваат овој регион, во делот на развој на туризмот и стопанските дејности кои ќе бидат вклучени во мрежата, а исто така ќе бидат конкретизирани и наредните активности, вели претседателот на Советот на ЈЗПР Игор Трајкоски
„За целиот регион ќе значи развој во сегментите на туризмот, руралниот развој, односно рамномерен развој во сите општини. Иницијатива е пред се поддршка на туризмот во нашиот регион“.
Во оваа мрежа ќе бидат инволвирани претпријатија кои што имаат интерес од заедничко настапување, разменување на идеи, со општините, невладиниот сектор, здруженија и слично, потенцираше државниот секретар во Министерството за Локална Самоуправа Биљана Цветановска Гуговска.
„Интенцијата е со формирањето на мрежа, како прв чекор врз основа на Законот за меѓуопштинска соработка да се воспостави еден форум за размена на концепти за развој на целиот регион. Во таа насока во периодот што следи преку широки процеси на консултација отворени дебати, ќе бидат изготвени програми за работа со конкретен акциски план за спроведување на истата“.
Министерството за економија во континуитет промовира и спроведува мерки кои се дел од програмата за поддршка и развој на туризмот, а истите имаат ефект и врз развојот на ЈЗПР, вели Анета Димовска, државниот секретар во Министерството за економија. Таа додаде дека досегашните политики во областа на туризмот имаат дадено разултати, така што ако се направи споредба 2006 со 2014 год бројот на туристите во Р Македонија бил двојно зголемен и тоа од околку 200 000 во 2006 на 490 000 во 2015год.
„За прв пат Министерството за економија со програмата за поддршка и развој на туризмот за 2017 година предвидува субвенционирање или поддршка на селски домаќинства за туристички цели. Со износ од 60 % од докажаните трошоци не повеќе од 200 000 денари по селско донаќинство ќе се субвенционираат трошоците за адаптација, уредување на селските куќи кои би ги издавале за туристички цели понатаму“.
Мирјана Лозаноска раководителот на ЦР ЈЗПР истакна дека за одредени активности поврзани со развојот на руралниот туризам веќе биле обезбедени средства.
„Веднаш потоа ќе поминеме на подготовка на програмата на мрежата од која што ќе произлезат активности и една од тие пилот активности ќе ја имплементираме бидејќи веќе имаме обезбедено средства од страна на донаторот канцаларијата на ОН“.
Денес во рамки на консултативната седница беше промовиран регистарот за потенцијали за развој на руралниот туризам кој претставува основа која останатите национални институции ќе можат да ја користат при планирањето на нивните развојни активности.