Skip to main content

Големи инвестиции во охридскот здравство, најавува Милошоски

ВМРО – ДПМНЕ најави три милиони евра инвестици за охридското здравство. Средствата ќе бидат потрошени за осовременување на медицинските апарати во Општа болница Охрид, Здравествен дом Охрид, Заводот за кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Во охридското здравство ќе бидат инвестирани три милиони евра за нова медицинска опрема. Тоа е предвидено во програмата „Реално“ на ВМРО – ДПМНЕ, како што најави денес од пред Општа болница Охрид, носителот на листата за пратеници во 5та изборна единица, Антонио Милошоски. Тој најави целосна обнова и реконструкција на Клиничката болница во Битола, целосна обнова и реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, завршна фаза на реконструкција на Центарот за кардиоваскуларни болести во Охрид, како и завршна фаза реконструкција и опремување на болницата во Кичево.

„За 5 тата изборна единица имаме за набавка 930 медицински апарати во сите болници во општините во 5 ката, кои ќе чинат 6, 5 милиони евра, а од нив 3 милиони евра се наменети за охридските болници и здравствени установи. Цела 5 та изборна единица од овој момент па натаму ќе продолжи со силни инвестиции во здравството и ќе нуди многу поквалитетни здравствени услуги за сите наши граѓани“.

Кандидатот за паратеник Сашо Василески истакна дека бидејќи станува збор за предвремени парламентарни избори голем број од проектите кои биле започнати во доменот на здравството се опфатени во програмата „Реално“ и ќе бидат довршени.

„Еден од главните сегменти на Владата на РМ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде столбот на здравството, сигурно, безбедно, бесплатно, достапно за секој граѓанин во Република Македонија. Со гордост можам да кажам дека бев дел од тимот на програмата Реално и како претседавач на интепартиската парламентарната лоби група во Собранието на РМ за изготвување и предлози за програмата за лица со посебни потреби

Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид е една од поуспешните приказни во системот на здравство на Република Македонија, во кој во изминатиот период и денес се инвестира, изјави екс директорот на установата д-р Никола Бакрачески.

„Тоа несомнено се прави и денес со една од поголемите инвестиции во овој Завод, а тоа е обезбедување на нови простории кои ќе бидат сместени во рамките на сегашната Специјална болница за трауматологија и ортопедија, како посебен клинички оддел, кадешто ќе бидат опремени и нови оддели, пред се одделот за амбулантно-поликлиничка дејност, интензивна нега, интервентна кардиологија со електростимулација и електрофизиологија, како и нов болнички оддел за општа нега,

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов, како директор на општата болница, истакна дека Охрид може да се гордее со досегашните инвестиции во оваа установа која прераснува во регионална болница со највисоки европски стандарди и може да дава услуги од најсовремен тип.