Skip to main content

Нивото на акумулациите на Црн Дрим се на просечно ниво

Акумулациите по течението на реките Црн Дрим се добро регулирани и се на потребното ниво. Тие се спремни и во услови на големи дождови да ги прифатат водите, без да причинат поплави а со тоа и последици на населението, убедуваат од Хидроенергетскиот систем „Црн Дрим “ од Струга.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Нивото на акумулациите по текот на реката „Црн Дрим“ е во рамките на просечното за овој период од годината. Истите се подготвени да ги прифатат водите од дождовите во наредниот период. Ваква е оценката на директорот на Хидроенергетскиот систем „Црн Дрим“ од Струга Тони Маркоски.

„Посебно тоа е важно за Охридското Езеро кое што од безбедносни причини за да не дојде до несакани поплави треба да биде на оваа кота, 693 метри 32 цм. Можеби ве мотивираше за ова прашање имаше пред две недели поголеми дотеци од води во река Радика а исто така и големи дождови и дотеци во Р. Албанија па таму имаше појава на големи водостои и поплавување“.

Маркоски кажа дека последиците од поплавите на реката Радика најизразени биле во Дебарското Езеро, бидејќи донеле голема количина на отпад кој пак отпад може да предизвика и еколошка катастрофа за овој воден ресурс.

„Радика екстремно голема вода донесе во рок од неколку дена и по своето корито понесе и све што најде и дрвен материјал, комунален отпад, направи и штета во Дебарското Езеро го наполни со отпад кој што организирано со некаква програма за едно со локалната самоуправа и со државата ќе треба да го отстраниме“  – вели Маркоски.

Она што е најважно според Маркоски, е дека акумулациите биле доведени на потребното ниво за да можат да ги прифатат и најголемите води во наредниот период. Според него и при обилни врнежи на дожд, акумулациите ќе ја прифатат водата без последици врз населението.