Skip to main content

Шекеринска: Ќе ја зголемиме постојаната помош за 50%

Во нашиот план за живот во Македонија посебно место има програмата за поддршка на лицата со посебни потреби, особено на децата.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Ќе го менуваме системот и ќе почнеме уште од најрана возраст, преку вклучување на децата со посебни потреби во предучилишно образование со специјални едукатори, ќе отвориме центри за ран детски развој со специјална поддршка за децата од обучени професионални едукатори, изјави денеска во Охрид , носителот на листа од СДСМ и коалицијата, Радмила Шекеринска. Таа додаде дека поддршката за децата со посебни потреби доколку ја добијат довербата на граѓаните, ќе ја зголемат за 50 % и менуваме и голем дел од регулативата која се однесува на оценка на способностите на децата со посебни потреби.

„Денес владее систем во кои практично системот оценува кои се работи не можат да ги направат наместо да се фокусираме за работите кои се способни и кои можат да се развиваат. На тој начин и тие ќе станат дел од општеството кое приднесува и ја развива својата татковина. Ќе го спроведиме целосно законот за квоти во јавната администрација за лицата со посебни потреби. Но ќе им дадеме и вистинска шанса да работат во администрацијата денеска најголемиот дел од нив не можат да употребат активни колички и на тој начин иако им отвара државата шанса да рабоат тие практично само со семејна поддршка можат да дојдат до работното место. Ќе воведеме шанса и за лицата со тешка и најтешка попреченост да добијат посебни додатоци и на тој начин ќе им овозможиме и на нивните семејства да обезбедат подобри услови за работа. Една држава може да се нарече хумана, социјална и солидарна само ако обезбеди сигурна поддршка на оние кои што се најслаби. Ние сметаме дека Македонија може на сите да им понуди достоинствен живот и затоа ве повикувам да гласаме за подобар живот во Македонија за живот и оние кои што се најслаби, најзагрозени и навистина имаат посебни потреби ќе добијат шанса за добар живот“.