Станува се поизвесно дека Охрид наскоро ќе добие хотел со 5 ѕвезди
Станува се поизвесно дека Охрид наскоро ќе добие хотел со 5 ѕвезди.
Се поизвесно е дека Охрид ќе добие хотел со 5 ѕвезди. Во оваа фаза можеме да потврдиме дека Охрид ќе добие супер-модерен објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на светски познатите хотелски брендови, велат од компанијата Камфуд. Следствено на тоа ќе има зголемување на вработувањето и економски развој во Охрид, и пошироко во регионот. Најголемиот македонски туристички центар сега ќе може рамноправно да се носи на туристички план со регионот и европските земји, додаваат од „Камфуд“.
Станува збор за исклучително атрактивната локација покрај езерскиот брег, во локалитетот „Св. Стефан“, со површина од 6.750 м2 под објекти, односно вкупна површина од околу 21.000 м2. Минатата година компанијата ја купи поранешната Специјална Детска болница за 1,2 милиони евра.
„Камфуд“ Дооел од Скопје е компанија која се занимава со издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.
КАМ е холдинг група основана во 1999 година. Во групата работат повеќе од 60 КАМ супермаркети низ земјата.