Охриѓани беа анкетирани какво управување со отпадот сакаат
Охриѓани беа анкетирани какво управување со отпадот сакаат.
Во Охрид спорведена улична анкета за да се чуе размислувањето на граѓаните во врска со управувањето на отпадот. Денешната анкета е дел од проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање и финансиски поддржан од Европската Унија, кажува Ангела Џепоска од проектот за управување со отпад. Охрид беше трет град каде што се спроведува анкетата по Битола и Велес, а Џепоска ги споделува размислувањата на граѓаните.
„Досега увидовме дека граѓаните се желни за подобрување на системот за управување со отпад и ако треба се подготвени да платат повеќе од сегашната цена што ја плаќаат “, истакнува Џепоска.
Од друга страна она што го нуди државата во таа насока е подготовка на планска документација за воспоставување на самоодржлив систем во 4 региони во земјава.
„ Тоа е план да се воведе подобрен систем добар за животната средина и да се средат дивите депонии и нестандардните депонии.Дивите ќе се затворат и ќе се направат регионални центри за управувањ со отпад“, појаснува Џепоска.
В следниот период ќе се изготват афизибилити студија и анализи на влијанието на животната средина во која ќе се вклучуват граѓаните од Југозападниот плански регион, Вардарскиот, Скопскиот и Пелагониските.