Изборите ги избркаа гостите од Струга, вели Рамиз Мерко
Ги отфрла обвинувањата на неговиот против кандидат Цаноски, за меѓупартиски инциденти.
Со тоа што кандидатот од ПЕИ ангажирал специјални полициски сили и поставил полициски пунктови како во воена состојба, негативно влијае врз градот, објаснува Мерко и додава дека веќе неколку инвеститори ги повлекле инвестициите наменети за оваа општина.
„Моменталната состојба со засиленото полициско обезбедување го нарушува и имиџот на туристичка Струга“ вели Рамиз Мерко. Според него, гостите кои биле дојдени во моментов во Струга, по шпекулациите за наводните инциденти веднаш го напупштиле градот.
Фијат Цаноски пак, по однос на прашањето околу туристите, вели дека гости во Струга години наназад не биле дојдени. „Кој иде во град со дупки и прашини по улиците ?“-прашува кандидатот од ПЕИ.
На денешниот прес, Мерко истакна дека неговите и залагањата на штабот на ДУИ, биле и сеуште се за цивилизирана кампања, без навреди и притисоци, како и избегнување на евентуални инциденти.
За ова се залага и кандидатот од ПЕИ.
{loadposition content9}