Во охридскиот Цетар за дијабет нема доволно инсулински игли
Во охридскиот Цетар за дијабет нема доволно инсулински игли.
Дијабетичарите реагираат дека во охридскиот Центар за дијабет нема доволно игли за инсулинските пенкала. Добиваат помалку игли од пропишаното и пациентите стравуваат затоа што не ја применуваат правилно инсуслинската терапија. Ова го потврдува и претседателот на охридското здружение на дијабетичари Димче Панџакоски.
„Проблем настана во последните месеци со испораката на игли за пенкалата. Наместо да добиваме за секое боцкање по една игла ние добиваме една до две игли за секое пенкало. Принудени сме иглата да ја користиме додека го потрошиме целото пенклао. Иглата треба да се употреби еднаш, а ние сме принудени да ги користиме повеќе пати. Со тој начин го доведуваме во опасност здравјето во меѓувреме иглите може да примат некоја бактерија која е опасна за човекот, а и иглите со секое боцкање отапуваат и при боцкање инсулин во телото се чувстува болка“ ,кажува Панџакоски.
Претседателот на здруженеито на дијабетичари нагласува дека состојбата со недостаток на иглите трае во последните месеци и тоа на ниво на целата држава. Тие бараат решение но без успешно.
„ За ова повеќе пати сме барале решение преку министерството и фондот за здравство и постојано добивме одгвор ќе се реши но до ден денес не е ерешено“, истакнува Панџакоски.
ТВМ се обиде за овој проблем да ја слушне и другата страна Центарот за дијабет. Покрај моменталниот проблем сакавме од Центарот да добиеме одговор и на други прашања како што се каква е состојбата со дијабетот во Охрид, која популација е на удар и што се презема за сузбивање на шеќерната болест која зема се поголем замав. Но, од управата на Општа болница Охрид, поточно секретарот на болницата Антонио Наумоски, не ни беше дозволено да снимаме изјава со докоторката која го води Центарот. Oбразоложението беше дека може да ни испратат соопштение. На нашето инсистирање дека сакаме повеќе информации од она што би го добиле преку соопштение, а во интерес на јавноста и дијабетичарите добивме одговор дека повеќе информации ќе сме добиеле откако ќе завршеле изборите. При тоа Наумоски кажа дека темата не била прикладна кога е во тек политичка кампања.