Skip to main content

Промовирано ДВД „Охрид во моите спомени“

Промовирано ДВД изданието „Охрид во моите спомени“. Тоа е вистински пример за почитување на највисоките професионални стандарди во жанрот на истражувачката документаристиката. Авторот, Илче Стојаноски во своите трудови става авторски печат почитувајќи ги истражувачко аналитичките постапки во автентичните тонски материјали кои сведочат за настани, појави и луѓе, истакна промоторот на ДВД изданието Симон Илиевски.

 |  Николоска Биљана  | 

 

„Охрид во моите спомени“. ДВД издание на новинарот, неуморен трагач по вистината Илче Стојаноски беше промовирано денеска пред охриѓани. Аудио-записите од серијалот „Охрид во моите спомени“ и другите публикации на Стојаноски, се сведоштва кои имаат повеќеслојно значење, вели промоторот на ова издание Симон Илиевски. Новата публицистичка рожба, не само што е голем дар за Охрид, туку е и придонес во годинешното достоинственото чествување на Денот на Св. Климент Охридски, истакна Илиевски.

„Тој низ факти, кажувања, фотографии, цртежи и други прилози, строго се држи на документаристичкиот пристап и утврдената методологија на овој жанр, со што дава осведочен придонес во постојаното дополнување на охридската вековна ризница.Со тоа Стојаноски, на својствен начин, ни потврдува дека нашиот Охрид со неговото многувековно минато претставува непресушно извориште за трагање по фактите и вистината, зошто во овој свет град секој негов дел има своја приказна“.

„Охрид во моите спомени“ е ДВД издание во кое се поместени 80 получасовни документарни емисии за минатото на Охрид кои биле своевремено емитувани на Радио Охрид. Авторот Илче Стојаноски вели дека идејата е случувањата и личностите од живеењето на Охрид, да се сочуваат во форма на автентични аудио записи и да бидат верификуван документ, кој за идните генерации ќе биде драгоцен материјал за компаративни и научно засновани истражувања. На ДВД најстариот соговорник е Благоја Поп Стефанија кој интервјуто со Стојаноски го снимал на 95 годишна возраст, но на истото ДВД посместена е снимка и на неговиот син Драги Стефанија, кој ќе каже дека овие аудио записи ќе бидат голем спомен за дијалектолозите, за историјата за јазикот за охридската и македонската историја.

„Од 80 души, барем 60 ги немаме денес но затоа остана овој документ овој жив споменик на гласови, јас мислев сега татко ми е овде зборува…сега брзо… 17 години од кога е умрен. Можам да напомнам дека ова е еден голем документ за разлика од еден што го издаде институтот за македонски јазик

Илче Стојаноски е новинар во пензија, охридољубец по душа, врвен документарист и истражувач. Тој во својот работен век, на минатото на Охрид, му дава висок приоритет креирајќи го неколку деценискиот проект „Кажвиме да не се заборајт“ .