Skip to main content

Лазаревска: слободата е блиску

Слободата е блиску.  Доаѓа денот кога конечно ќе се ослободиме од овој безмилосен режим кој веќе една деценија посветено работи на уништување на иднината на оваа држава, со овие зборови се обрати до граѓаните на завршната прес конференција , кандидатот за пратеник од СДСМ и Коалицијата, Жаклина Лазаревска.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ние ќе се погрижиме Македонија повторно да ја изградиме, ќе ја изградиме врз пепелта и пустошот што го остави зад себе ВМРО ДПМНЕ. Ова ќе го направиме здраво, државата повторно ќе ја подигнеме, но врз здрави темели, врз темелите на Планот за живот во Македонија кој гарантира подобар живот за сите граѓани, порача на  прес конференција  кандидатот за пратеник од СДСМ и Коалицијата, Жаклина Лазаревска.  


Планот за Живот гарантира враќање на демократијата во Македонија, враќање на правната држава, слободата на говорот, независност на медиумите, но најважно, ќе ги вратиме сите пари кои овој ненароден режим ги украде и изнесе од државата, тие пари ќе ги вратиме на граѓаните.  Груевски и фамилијата во изминативе десет години се богатеа на грбот на народот, богатите ги направија побогати, а сиромашните уште посиромашни. СДСМ еднаш засекогаш ќе стави крај на тоа., рече Лазаревска.


Лазаревска издвои дел од мерките предвитени во програмата За живот во македонија како враќање на 15 % од ДДВ со што годишно кај граѓаните ќе се враќаат по 8 милјарди денари, 12 000 денари социјална помош за најранливите категории и најсиромашните, минимална плата од 16 илјади денари до крајот на мандатот, а просечна до 30 илјади денари, поддршка на младите во основање на сопствен бизнис, и други. Немаме повеќе иднина за фрлање, мораме сега да го избереме вистинскиот пат, патот кој ќе значи посветла иднина за сите, потенцира Лазаревска.


СДСМ и коалицијата таа иднина ќе ја обезбедат носена на темелите на Планот за живот.
Тоа не е само ветување и не е само изборна програма, тоа се чекорите кои гарантираме дека ќе се спроведат, за земјата да се врати на старите патеки кога бевме лидери во регионот во секој смисол. Почитувани, немаме веќе втора шанса. На овие избори вие сте тие кои ја имаат моќта да направат нешто за да ја спасат Македонија. Вие сте тие кои можат да ја испорачаат казната на оние кои веќе една деценија ја уништуваат државата, на оние кои ги уништија сите ваши соништа, сите ваши планови, рече Лазаревска.

Децата ни заминаа во туѓина, градот ни старее, рекордери сме по бројот на иселени млади лица, а овие криминалци мислат дека луѓето може да се заменат со споменици, кажа Лазаревска и им порача на охриѓани, во недела да заокружат бр. 4 и да гласаат за иднината на своите деца.