Skip to main content

Стручни лица од Центарот за хемофилија одржаа предавање за ова заболување

Стручни лица од Центарот за хемофилија одржаа предавање за ова заболување.

 |  Валентина Неловска  | 

Одржано стручно  предавање посветено на коагулативните заболувања во Република Македонија. Предавањето на кое учествуваа специјалисти од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје не наиде на одзив кај граѓаните и кај здравствените работници од Охрид. Ние ги згрижуваме лицата со коагулопатии и сем задолжени за лабораториска дијагностика и водење на националниот регистар, посочи д-р Виолета Дејанова која го одржа предавањето од Ценатрот за хемофилија, а во организација на здружението Хемалог.

 

„Ние ги спроведуваме сите препораки на светската  федерација за хемофилија и се трудиме на највисоко можно ниво да ги згрижиме лицата со хемофилија. Наш проблем е незаинтерeсираноста на општата популација и и здравствените работници за овој проблем. Ние сакаме да соработуваме со сите нив, но не наоѓаме на одзив. Целата идеја на проектот е да допреме до нив до лицата со коагулопатии  да доаѓаат на редовни контролни прегледи“, истакна д-р Дејанова.

 

 

Во Македонија има евидентирани 300 лица со хемофилија, од кои 200 со хемофилија А, а останатите 100 со хемофилја Б. Од ова заболување во Охрид се регистрирани 8 лица. Докторите напомнуваат овие лица да ги почитуваат препораките на специјалистите и да доаѓаат не редовни прегледи и пред хируршките интервенции да се јават во Центарот за хемофилија при Институт за трансфузиона медицина во Скопје или во охридската  Служба  за трансфузиологија.