Skip to main content

Келија нет веб страница преку која ќе ги поврзуваат македонските прозводители на храна и рестораните

Келија нет веб страница преку која ќе ги поврзуваат македонските прозводители на храна и рестораните.

 |  Валентина Неловска  | 

Никола Цветкоски  и Властимир Самолов, информатичари, основаа сајт „Келија нет“ преку кој ќе ги спојуваат  производители на храна и рестораните. Во земјава ова е прв ваков проект, па младите претприемачи очекуваат позитивен ефект.

„Направивме поврзување на  прозиводителите на продукти од охридскиот регион , Македонија и пошироко. Да се спојат со сите на кои им е потребен  нивниот продукт  т.е. рестораните и другите фирми и дејности кои би имале потреба од овие производи“,  ја појаснува Цветкоски нивната бизнис идеја.

Идејата за основање на организацијата Келија нет и  покровителството е на холандска компанија, велат младите информатичари. Напорите вложиле со резултат и  се воспоставени и првите контакти  со фирми од  Холандија, Англија и САД, вели  Цветкоски. Нивна намера е да ја комплетираат базата на податоци на прозиводители и специјалитети од македонски ресторани.

„Засега рестораните се задоволни. Посебно шефовите на кујните имаат позитивно мислење па останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатака“, кажува Самолов.

Сите заинтерсирани прозиводители на храна и ресторани кои имаат потреба од поврзување можат да ги контактираат преку веб страната и на страната на фејсбук, Келија нет  за бренд, Клош   за ресторани  и спeцијалитети  и Келија ком за производители.