Skip to main content

Намалено рибокрадството во Охрид

За 80% намалено рибокрадството на охридското крајбрежје. Тоа го тврдат одговорните кои стопанисуваат со Охридското Езеро, „Пастрмка 2012“. Од таму велат дека за жал сеуште постои мала група рибокрадци кои се добро организирани, а тие како концесионери не можат да се справат со нив, а не успеале да се справат ниту надлежните институции и покрај тоа што им се добро познати.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Се потесен станува кругот околу рибокрадците во Охрид. Танас Танасоски од „Пастрмка 2012“ тврди дека изминатите неколку години, откако тие стопанисуваат со овој воден ресурс, нивните служби со будно око го следат и контролираат езерото, но вложиле и големи финансиски средства за набавка на софицистирана опрема која им помага во тоа, посебно во ноќните часови кога оваа појава е најевидентна.

„Ако зборуваме за рибокрадството, сигурно, апсолутно на охридското крајбрежје е намалено и во повеќе наврати сум истакнал дека 80 до 90 % е заштитено езерото“

Останува уште една мала група на рибокрадци, која по се изгледа не се плаши од предвидените законски мерки и строгите прописи. Танасоски смета дека тоа институционално треба да се реши и треба поголема соработка со релевантните служби.

„Со оглед дека рибокрадците се познати кои се дали во Охрид, пештанскиот и струшкиот дел тие се познати и тоа се 13сеттина лица кои што повеќе пати се осудувани, но мислам дека треба поголема помош од МВР , обвинителството и судовите. Кога би се спровел законот сигурно и тие 13 души би завршиле зад решетки. Мене навистина ми е жал што ова го зборувам, но таа институционална помош мора да постои

Танасоски пренесува дека само со еден одговорен пристап на институциите може да се делува, за да ја вратиме пастрмката во Езерото. Но, секако, Танасоски нагласи дека сеуште е отворен проблемот од Албанската страна на Охридското Езеро, каде постои забрана за лов на пастрмка, но таа не се почитува. Инаку од македонска страна почнувајќи од 20 декември, па се до 20 март, е тотална забрана за риболов на пастрмката или познатиот татиљ.