Во Охрид ќе има дочек на новата година на градскиот плоштад
Охрид не се откажа од организирањето дочек на Нова година на градскиот плоштад. Иако неколку општини годинава нема да организираат прослави на плоштадите за парите да ги пренаменат во хуманитарни цели, Охрид останува доследен на традицијата. Но, од Локалната сеуште не откриваат кој ќе ги забавува сите оние кои ќе одлучат најлудата ноќ да ја поминат на плоштад.
Во Охрид ќе има дочек на новата година на градскиот плоштад. Од Локaланата велат дека иако некои општини ги откажаа прославите на плоштад, Охрид како туристички центар каде се очекува да пристигнат неколку илјади гости, не се откажува од оваа традиција. Од буџетот на општината за оваа намена се издвоени околу 5000 евра. Прослава на плоштад ќе има и за туристите и за охриѓани, но сеуште не се знае кој ќе ги забавува. Се шпекулира дека годинава нема да има некое познато име од македонската естрада туку дека забавата ќе ја прават локални уметници и групи.
Секторот за култура има побарано понуди за прославата, но ексклузивитетот за тоа што ќе се случува на новогодишната ноќ ќе го одложиме за некој ден да го соопшти градоначалникот, Никола Бакрачески. Сигурен сум дека и оваа година забавата ќе биде убава, ќе биде весело у многу граѓани и гости ќе ја дочекаат новата година на грдскиот плоштад, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локaлна самоуправа.
Минатата година охриѓани и гостите Новата 2016 год на охридскиот плоштад „Св Климент Охридски“ ја дочекаа со легендарните хитови на дивата Калиопи и познатите македонски музички имиња како Боби Мојсоски, „Билјана Јуниор“, Викторија Лоба и Компас бенд.
Инаку денес и Кавадарци го откажа дочекот на Нова година на градскиот плоштад, така што по Велес и Скопје, ова е трет град во земјава што го откажува организираниот новогодишен дочек. Финансиските средства кои биле предвидени околу 5.000 евра ќе бидат донирани во хуманитарни цели.