Skip to main content

Изложени уметнички дела на учениците од охридската гимназија

Изложени уметнички дела на учениците од охридската  гимназија.

 |  Валентина Неловска  | 

Учениците од гимназијата Св „Климент Охридски“ ја заокружија 2016 година со уметничка изложба. Изложбата беше со тематски карактер во знакот на Нова година. Беа изложени голем број дела преку кој учениците го покажаа својот уметнички талент. Емилија Прентоска ученик во 3 клас е една од  ученици од сите 4 години  кои ја презентираа својата вештина и уметничката наклоност.


„Најмногу од се обрнав внимание на накитот. Интересно ми е  да го работам и имам најмногу волја за негова изработка“, кажува Прентоска.  

Професорката Катерина Слатиноска организатор на денешната изложба информира дека делата се изработени по предметот ликовна уметност на редовните часови. Темата е графички дизајн на декоративни Новогодишни честитки , сувенири и од областа на моден дизајн. Застапени се дела и од вајарство со скулптури од глина, како и  наградени слики на ученици од патрониот празник на гимназијата Св.Климент Охридски. Накитот е изработен со помош на УСАИД како  мултиетничка соработка во образованието, вели Слатиноска.


„ Накитот е од продажен карактер и средствата  ќе бидат употребени за да набавиме материјал, но не за изработка на накит туку за други предмети за децата да се ангажираат и околу нешто друго, а не само за накит. Ги менуваме активностите и средствата“, информира професорката Слатиноска.

Професорката по уметност Катерина Слатиноска потврдува дека голем број од охридските гимназисти имаат уметничка наклоност, а нивна цел е да им дадат поддршка.  Во гимназијата Св „Климент Охридски“ многу често се организираат слични изложби на  талентираните ученици со различни теми и поводи.