Skip to main content

Хотелиерите годинава се надеваат на плодна туристичка сезона

Хотелиерите годинава се надеваат на плодна  туристичка сезона.

 |  Валентина Неловска  | 

Хотелиерите на охридско струшката ривиера се оптимисти за претстојната туристичка сезона. И годинава се очекува холандските и турските гости, кои во минатиот период беа најбројни гости на крајбрежјето, да го задржат трендот. Холанѓаните имаат остварено  најмногу ноќевања, а турските гости  резлирале најголема  посетеност со кружните балкански  тури, вели претседателот на Хотам Крсте Блажески. Засега, хотелиерите се задоволни од тоа како тече продажбата на туристичките аранжмани во Холандија.

„Имаме склучено договри за 2017 година и може да се пофалиме дека  има подобра продажба во ерл букинзите. Тие се првите сигнали дали дестинацијата е добро продадена следната сезона или ќе има проблеми, кажува Блажески.
Заради политичките случувања со  бегалската криза во Европа и Македонија, мината  година на холандскиот пазар се продавале т.н. ласт минут или во последен момент  туристички аранжмани, вели Блажески. Очекуваат да нема големи промени на турскиот пазар заради политичките случувања во оваа земја.


„Со случувањата во Турција не знаеме како ќе се движат работите. Лани бевме сведоци на еден настан и еден месец имаше колапс со турските гости на Балканските тури“, напоменува Блажески.

Во сезоната 2017 се очекуваат  разновидни странски гости. Меѓу нив се гостите од Полска.  Со двата лета неделно на релација Катовице – Охрид се очекуваат повеќе полски туристи на езерското крајбрежје. Преку БАХА и кружните балкански тури каде што се продава Балканот како туристичка дестинација, постои  можност  Охрид  и Македонија да се нудат на  азискиот и на рускиот пазар.