Шансите за настап на Светското првенство, се топат
Македонија претрпе убедлив пораз 0-4 на гостувањето против силната Холандија со што дополнително ги намали шансите за дебитантски настап на фудбалскиот Мундијал.
Сречко Катанец

Комплетната репрезентација на Македонија синоќа на „Амстердам арена“ одигра очајно и повеќе од заслужено е поразена од трето рангираната репрезентација на светот.
Холандија од самиот почеток доминираше на сите делови од теренот и само по 25 минути водеше со 2-0, со головите на Дирк Кајд и Јан Хунтелар.
До крајот на полувремето, Кајд постигна уште еден гол за убедлива предност на Холандија од 3-0.
Во вториот дел селекторот Сречко Катанец го засили нападот, но, освен една изгледна шанса на Илчо Наумовски, тоа остана без ефект.

Холандија играше рутинирано и со уште еден гол пред самиот крај на Ван дер Варт забележа убедлива победа.
Ова е трет последователен пораз на Македонија во рамки на 9. квалификациона група за пласман на Мундијалот 2010, со што остана на само три бода по четири натпревари.
Македонија ги продолжува квалификациите со два натпревари во Скопје против Норвешка, на 6 јуни, и против Исланд на 10 јуни.
{loadposition content9}