Градскиот пазар празен на-10
Градскиот пазар празен. На овие екстремно ниски температури неможе да се работи, се жалат пазарџиите. Прашуваат дали и кога конечно ќе се направи ветениот затворен пазар за и тие да можат да работат во услови како што доликува.
Охридскиот пазар речиси празен. На температури под -10 ретко кој од пазарџиите се охрабрил да излезе и да ја продава својата стока. Тие се жалат дека пазарот нема никакви услови за работа. На зима смрзнуваат, а на лето не се издржува од пеколните горештини. Поради ваквите температури трпат и производите. Повеќето од нив им измрзнале. Пазарџиите прашуваат кога конечно ќе се направи затворениот пазар кој се ветува години наназад. Велат дека последен пат им било кажано дека во септември минатата година ќе започнат градежнитѕе работи околу изградбата на современ затворен зелен пазар, а еве и другата година дојде, а од пазарот ниту траг. Јавниот приватен партнер, АД „Илинден“ кој треба да го гради пазарот сеуште чека зелено светло од Министерството за транспорт и врски. Раде Трајкоски, сопственикот на оваа градежна фирма за ТВМ вели дека од нивна страна исполнети се сите услови , подготвена е целокупната техничка документација за која потрошиле дури 60 000евра и секој момент чекаат да почнат со градба. Трајкоски кажува дека доколку го добијат одобрението за градба штом малку се подобрат временските услови можат да започнат со работа. Од ЈП „Градски пазар“ им било ветено дека доколку ја добијат дозволата тие за две недели ќе ги дислоцираат тезгите ви комплексот на маркетот КАМ. Граѓаните се се поскептични дека воопшто во Охрид ќе се изгради современ затворен пазар. Пазарџиите велат дека вака веќе не се работи а купувачите се почесто пазарат во зелените пазарчиња.