Skip to main content

Скрческа: Сметот се подига во отежнати услови

Деновиве граѓаните на Охрид до нашата редакција реагираа на преполнети контенјери со ѓубре. Кажаа дека сметот не се подигал дури по една недела. На ваквите забелешки директорката на ЈП кое е задолжено за хигиена во градов, вели дека сметот се подига во отежнати услови поради снегот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Дел од граѓаните незадоволни од комуналната хигиена во Охрид . Велат дека има делови од градот во кои камионите на ЈП „Охридски Комуналец“ не поминале после празниците , сметот не се подигал подолго од една недела. Директорката на комуналното претпријатие Елена Скрческа смета дека тие работат согласно законските обврски и техничките можности, при тоа признава дека се соочувале со проблеми поради временските услови.

„Подигањето на сметот го вршиме во отежнати односно во зимски услови и поради тоа не можеме навремено да го подигнеме насекаде. На главните улици настојуваме да е тоа навремено односно да се придржуваме на деновите кои што се одредени за подигањето на сметот. Во потесните улички можеби доцниме по еден ден но рачно го собираме и го носиме на одредени пунктови таму каде што може едно од возилата да го подигне сметот“.

Скрческа тврди дека сметот од стариот дел на градот е подигнат. Додава дека оваа сезона добра околност е што ЈП нема проблеми со одлагање на сметот, односно го депонирале на Буково, бидејќи според неа патот до таму бил прооден и исчистен.

Денес во ова јавно претпријатие чија обврска е и чистењето на снегот и мразот од јавните површини очекуваат нови залихи на сол. Откако падна првиот снег во Охрид, до денес ЈП потрошило 40 тони сол и 90 метри кубни ризла.

„Потрошувачката на овие средства беше голема бидејќи со нашата услуга беа опфатени сите села Велестово, Рамне, према Куратица неколку пати…сите дена имавме минусни температури и луѓето се јавуваа за помош. Ние освен песок и ризла не можиме ништо да направиме бидејќи станува збор за поодалечени села

Околу механизацијата за зимски услвои со која располага ЈП, Скрческа кажа дека имале 2 трактори на кои монтирале соларки. Тие биле погодни за справување со снегот во руралните средини и потесните градски улички, исто така имале и еден ФАП кипер, кој служи за растурање на сол и песок низ главните улици и адаптирани биле 2 фапа, возила со кои се подигал снег а на предната страна бил монтиран нож со кој што се расчистувал снегот по улиците. Скрческа признава дека набавката на нова потребна механизација треба да ја направи ЈП, но во моментов тоа не било изводливо бидејќи неколку години наназад враќале долгови по кредити и потребен бил одреден временски период за претпријатието финансиски да се опорави.