Skip to main content

Од денес започнува дезинфекцијатa на автобусите

Од денес започнува дезинфекцијатa на автобусите.

 |  Валентина Неловска  | 

Автобусите кои  вршат јавен превоз на патници од денес треба  темелно да се  дезинфецираат. Дезинфекција  на јавниот транспорт е  препораката на Комсијата за заразни болести со цел да се спречи понатамошнoто ширење на грипот. Ваква препорака за дезинфекција на јавниот транспорт до превозниците во земјава се издава за прв пат.  

ТВМ ги контактираше  приватните автобуски компании кои вршат јавен превоз во Охрид  што преземаат во таа насока.  Од АД Галеб  информираа дека веќе се мобилизирале и  до крајот на неделата ќе преземат активности за да ги дезинфицираат  сите нивни возила.  Останатите пак, или не слушнале или не се информирани како треба да постапат по препораките на Комисијата за заразни болести.  

Од Центарот за јавно здравје информираат дека  со оваа препорака тие не се задолжени за да ја спроведат дезинфекцијата. Додаваат дека надзорот во спроведувањето на оваа мерка   е во надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат  денес ги добил и ќе ги издаде задолженијата како ќе се врши дезинфекцијата на автобусите и комбињата за превоз на патници. Од таму напоменуваат дека превозните компании сами ќе треба по завршување на линискиот превоз  да ги  дезинфицираат возилата со кои вршат јавен транспорт. Трошокот за дезинфекција на автобусите паѓа на товар на превозните автобуски компании. 

Центарот за јавно здравје  досега ги испочитувал препораките за дезинфекција на детските градинки и училиштата.