Skip to main content

Охрид домаќин на петтата меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми

Шеесетина експерти од 11 држави учествуваат на петтата Меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми, што од денес, па во наредниве три дена се одржува во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

 

„Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“, е темата на петтата Меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми. На неа наредниве три дена ќе бидат претставени истражувања и сознанија од областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјата на уметност, филологијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките науки, психологијата и од интердициплинарни помошни науки, истакна етнологот Проф. Рубин Земон .

„Се надеваме дека оваа конференција како и секоја година ќе даде научен придонес кон современите проблеми и пречки што ги имаме во развојот на светото. Како што гледате светот денеска се соочува со голем број на проблеми особено глобализацијата, миграците, тероризмот фундамендализмот, радикализмот што се случува, ние како научници сакаме да дадеме еден наш придонес околу тоа што подобро се решат овие проблеми на современието“.

За важноста од одржувањето на настанот, заменик градоначалникот Ангел Јанев рече дека преку оваа конференција очекуваат клучни одговори од научната и експертската фела на темите кои се застапени на овој собир.

„Во сите овие години ја препознаваме иницијативата и на оваа конференција и на сите други конференции кои што се поврзани со и околу промоцијата и презентацијата на градот Охрид, како во светските медиуми но и сите оние кои доаѓаат во Охрид да ги одржуваат своите конференции

Конференцијата е во организација на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Универзитетот „Селџук“ од Конија, Турција, и организацијата „Мирас“ од Баку, Азербејџан, а е поддржана од Македонската академија на науките и уметностите, Заводот за заштита на спомениците на културата и „Музеј-Охрид“ и Општина Охрид. Во рамки на конференцијата денес во Спомен-домот на Христо Узунов беше отворена изложба на фотографии и уметнички дела под наслов „Турското уметничко наследство“ изготвена од Центарот за истражување на турски ракотворби при Универзитетот „Селџук“ од Конија.