Струшкиот плоштад се руши
Ниту актуелниот градоначалник во својот мандат не успеа да ја подобри состојбата на градскиот плоштад.
Струшкиот плоштад се распаѓа. Освен за паркинг простор истиот во моментов не е корисен за ништо друго. Единствен простор кој го краси градскиот плоштад е споменикот на „Мајка Тереза“, оној пак на „Револуцијата“ е речиси целосно руиниран. Граѓаните одбегнуваат да поминуваат по него. Стружани се едногласни дека на градот му е неопходен нов плоштад.
Граѓаните реагираат, зошто како и другите градоначалници на Струга, така и актуелниот Рамиз Мерко, не нашол начин во овие 4 години, да го рконструира местото кое е срце на градот. Кога стана градоначалник Рамиз Мерко вети дека ќе го уреди полоштадот,но до денес нема ништо од најавеното. Актуелниот градоначалник вели бил попречен од централната власт за да го реализира ветувањето.
„Речиси 2 години се одолговлекува носењето на урбанискички план во овој дел од градот, затоа се искомплицира и реализацијата на проектот за уредување на плоштадот“-вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Според изготвениот проект на уредување на градскиот плоштад, се педвидува изградба на подземни катни гаражи, плоштадот да има повеќе зелени површини и истите да бидат уредени по пример од странските земји. Градоначалникот кажува оти се проектот се предвидува реконструкција на споменикот на „Револуцијата“ а околу него да се постават современи клупи за седење. Овој проект бил приоритет на сегашниот градоначалник.
Дали и ова е уште едно празно ветување останува да видиме.
{loadposition content9}