Skip to main content

Советот за безбедност додели благодарници

Денес во малата општинска сала беа доделени благодарници на сите партнери кои соработуваат со Општинскиот Совет за безбедност на патиштата. Заеднички придонес кон подигнување на севкупната сообраќајна безбедност во Охрид, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и намалување на бројот на жртви, е основна цел на работата на ова тело.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Општинскиот Совет за безбедност на патиштата бележи успешна година преку реализација на бројни проекти и активности во 2016 год. Претседателот на Советот за безбедност Стефан Димоски одржа состанок на кој беа доделени околу 50 благодарници за сите партнери кои соработуваа со ова општинско тело.

„Во текот на минатата година ние како совет реализиравме околу 20 тина проекти и кампањи насочени кон сите целни групи и кон општата јавност. Целта на овие проекти кои што ги реализиравме со сите партнери на кој што денеска им се заблагодаривме за соработката е подигнување на јавната свест и совест за поголема безбедност во сообраќајот, за подигнување на сообраќајната култура

Димоски рече дека соработката со сите субјекти кои придонесле Советот за безбедност да бележи успешна 

година, одиграла голема улога во спроведувањето на нивните проекти, а посебно ја истакна соработката со медиумите.

„Медиумите посебно, бидејќи целта е заедничка да допре гласот и пораката ОПСБ до граѓаните дека сите заедрно мора да се грижиме за безбедност во Охрид

Благодарница доби општина Охрид, Советот на општината, дел од ЈП, Регионална телевизија ТВМ и останатите медиуми од градот, основните училишта, охридската градинка, ОО на Црвен крст, неколку здруженија и секако полициските тимови без кои не би можело да се реализира ниту еден проект.