Skip to main content

По шести пат на Сараиште имаше групно крштевање на Сараиште

Традиционално на Сараиште и годинава во осветените води на Охридското Езеро се одржа масовното групно крштевање. Светата соборна и апостолска црква стана побогата за 12 верници кои ја примија светата тајна, крштение. Отец Љупчо Симиџиески, порача сите оние кои не се крстени а се чуствуваат христијани да го направат тоа. Токму празникот Богојавление е одлична можност за тоа.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Десеттина граѓани денес ја примија светата тајна крштение во осветените езерски води. Традиционално на Сараиште и годинава се одржа групното крштавање по шести пат на големиот христијански празник Богојавление кога е крстен спасителот Господ Исус Христос. 12 граѓани од Охрид, Прилеп, Скопје, но и од Мала Преспа, Албанија станаа членови на Светата соборна и апостолска црква.

„Навистина овие денови се многу радосни, но најголемата радост денес овде на Сараиште ја почуствувавме сите и јас како православен свештеник, но и оние кои ја примија светата тајна крштение и миропазение. Честито да им биде на сите оние кои што се крстија. Јас сум уверен дека и овие личности што се крстија тие на некој начин се имаат трудено да живеат христијански живот и тоа му има бидено тежина во срцето и душите нивни како некрстени личности. И затоа апелирам до сите оние кои не ја направиле оваа света тајана нешто најспасоносно за душата имаат можност да го направат тоа “.

Лидија е симболично име. Таа била првата покрстена македонка, односно првата жена која го примила христијанството. А денес во Охрид на групното крштевање на Сараиште, беше крстена Лидија од Скопје. Исто така христијанската вера и светата тајна крштение, ја прими и познатиот музичар, охриѓанецот Денис Мурат.

Доаѓам од Скопје, стигнавме со сестра ми на овој голем празник … до сега не бевме крстени па го направивме по повод овој ден За многу години на сите православни христијани. Овој ден и овој благодет е за сите верници, и јас не бев крстен и еве денеска почуствував…и во име на Господ се крстив и сум многу среќен и радосен и посакувам сите да го направат ова и од година во година да ги има во што поголем број“.

Светиот чин на групно крштение го следеа голем број на верници, а тука беа и кумовите на граѓаните кои денес беа крстени во осветените води на Охридското Езеро. Крштевањето значи духовно раѓање односно почеток на живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот.