Skip to main content

Самоиловата тврдина и Музејот на вода најпосетувани локалитети

Локалитетите Самоиловта тврдина и Заливот на коските сеуште претставуваат најголема атракција за туристите кои го посетуваат Охрид. Тоа го говори фактот за бројот на нивната посетеност. Директорката Тања Паскали Бунташеска открива дека незадоволна е од организираноста на туристичките агенции и водичи, кои многу Музеи од вредното културно наследство со кое изобилува градот ги занемаруваат.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Самоиловата тврдина и локалитетот Залив на коските односно Музејот на вода, сеуште се на врвот на најпосетувани објекти на Балканскиот Ерусалим, Охрид. Директорката на НУ Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска пренесува дека од отварањето на Музејот на вода до денес, локалитетот Заливот на коските е посетен од 370 000 туристи, додека пак Самоиловата тврдина од 2010 до денес е посетена од над 400 000 гости. Бунташеска посчува дека постои вредно културно наследство кое малку се нуди од страна на туристичките агенции и водичи.

„Доаѓаат во комплекскот Перивлепта, ја посетуваат црквата Св Богородица Перивлепта а никој не влегува во Галеријата на икони. Ако е нешто вредно што треба да се посети од нашиве објекти тоа е Галеријата на икони. Дали доволно и туристите не се информирани која е вредноста на тоа што е изложено во Галеријата или самите агенции и водичи тоа го презентираат на тој начин, не ми е познато

Бунташеска вели дека останува отворена соработката со туристичките агенции и водичи кои го презентираат вредното културно наследство на туристите, која во моментов не е на посакуваното ниво.

„Не сум задоволна од посетата, од организацијата на нашите агенции и водичи до објектите и музеите. Како и секоја година и оваа година веќе имам потпишано договори за соработка со туристички агенции, многу малку со Фибула, Виспој и Генерал турист. Нудам соработка на сите агенции дури се даваат и одредени попусти на поголемите групи, само да бидат што повеќе посетувани нашите објекти

Мала е посетеноста и на Златната соба. Директорката очекува дека со новите поставки во Музејот на Робевци ќе влегуваат повеќе туристи.