Skip to main content

Во охридскиот Центар за култура ќе работи детско младинско студио

Во охридскиот Центар за култура ќе работи детско младинско студио.

 |  Валентина Неловска  | 

Министерството за култура за 2017 година ќе го поддржи театарскиот аматеризам. За работата на детското  младинско студио ќе има дел  од  4 милиони денари одобрени од ресорното министерство за работа  на Центарот за култура Григир Прличев и наросниот театар. Уписите  стартуваат од месец февруари.  


„ Многу е голем интересот за детското младинско студио. Ние имаме три простории во галеријата кои се затополени и работат со млади луѓе. Практикуваме да работиме од февруари до јуни“, кажува Горан Стојаноски директор на Центарот за култура и Народен театар.

Театарскиот аматеризам  во Охрид има длабоки корени. Искуството покажува дека театарот не е само расадник на талентирани актери туку и има и воспитен момент, укажува Стојаноски.

„ Ние користиме различни методи за работа  и може да се проверат талентите  од било која област. Од кај нас што излегле талентирани актери биле помалку  , но тие биле вистински. На секој 4 години излегуваат по 3-4 кои се сериозно, добри актери кои ги завршуваат своите  студии“, напоменува  Стојаноски.

Театарот во принцип со социјална динамика ангажира млади луѓе. Секогаш не мора да значи дека од нив сите ќе станат  актери туку може да излезат квалитетни луѓе  од другите професии во театарот, напоменува Стојаноски.