Птичјиот грип детектиран во струшко, не се пренесува на луѓе
Во струшкото село Мороишта било утврдено присуство на болеста Авијарна инфлуенца, односно птичји грип тип АХ5Н8 кај живина, потврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.
Во струшкото село Мороишта било утврдено присуство на болеста Авијарна инфлуенца, односно птичји грип тип АХ5Н8 кај живина, потврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.
Вирусот е високо патоген кај живината, но не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана по јавното здравје кај луѓето.
Првиот случај бил забележан на 27 јануари по активен надзор на живината спроведен на терен. Веднаш во самото жариште била уништена целокупната живина, и била извршена комплетна дезинфекција, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.