Skip to main content

Симоноски со контраобвинувања кон Мирен Сон

Директорот на ЈП Градски Гробишта, денес се огласи со прес конференција на која кажа низа контраобвинувања до погребалниот оператор Мирен Сон. Директорот обвинува за неправилности во работењето на овој оператор. Тој ги повика надлежните инспекциски служби да ја преиспитаат работата на Мирен Сон.

 |  Николоска Биљана  | 

 

„Градски Гробишта“ се огласи во врска со неодамнешните обвинувања упатени кон ова јавно претпријатие од страна на погребалниот оператор Мирен Сон. Директорот Зоран Симоноски сите укажувања од Мирен Сон, категорично ги отфрли како невистинити и лажни. Тој вели дека немањето греење во капела според него не е проблем, бидејќи можеле да се стават грејни тела, но смета дека таквото барање е неиздржано бидејќи просторите таму биле постојано отворени. Додека пак околу забелешките, дека во просторијата каде се врши подготовка на покојните лица од муслиманска вероисповед не се исполнети минимун хигиенско – санитарните услови Симоноски со став.

„До превземањето на раководењето на ова ЈП не постоеше вработен хигиеничар. Првото што го направив вррботив хигиеничер. Секојдневно работата на хигиеничарот е прво да ја чисти капелата и просториите околу капелата, а потоа да ги чисти административните простории. Континуирано од преземањето на ЈП вршиме дезиндекција дезинсекција и дератизација

Ставот на Симоноски во врска со проблемот околу недостатокот на јавните тоалети, и покрај тоа што смета дека постоечките две во рамки на нивните простории и едно во ресторанот се доволни, е променет. Тој рече дека ЈП ќе направи напори и ќе изградат нови тоалети. Симоноски на денешниот прес изнесе и контраобвинувања кон приватниот погребален оператор Мирен Сон.

Имавме и сеуште во помала мера имаме проблеми со вработените од операторот кои што секојдневно, грубо се мешаат во работата на нашите стручни служби, тие буквално сакаат да продаваат гробни места, кажуваат каде има слободни, ги доведуваат граѓаните во заблуда кажувајќи им погрешни цени итн. Од таквите известувања граѓаните доаѓаат тука и доаѓаме до една непријатна ситуација дека ние ги лажеме граѓаните а не тие“

Симоноски обвини и дека во периодот од 2011 до 2013 за 73 починати лица не била фактурирана услугата инфраструктура, комора и капела кон операторот. Според него тоа било договор меѓу бившото раководство и вработените со операторот, за што претпријатието било оштетено за 200.000 денари и за што биле во судска постапка. Исто така Симоноски обвинува и за злоупотреба од страна на операторот со наплатата на реалните сати за престој на покојните во капелата. Директорот ги повика сите надлежни институции од МВР, санитарен, комунален инспекторат да ги преземат законски предвидените дејствија и да увидат како работи овој оператор.