Skip to main content

За три месеци во светот се убиени 35 новинари

Оваа година можно е да биде поопасна за новинарите од минатата година, објави Организацијата за заштита на новинарите во зони на конфликти Press Emblem Campaign.

 |  Крсте Голабовски  | 
novinar
новинар
Оваа година можно е да биде поопасна за новинарите од минатата година, објави Организацијата за заштита на новинарите во зони на конфликти Press Emblem Campaign.

Во првите три месеци од оваа година загинале 35 новинари од кои 8 во март – двајца во Авганистан, двајца во Ирак и по еден во Индија, Пакистан, Русија и Хондурас.

новинарВо истиот период во 2008 година биле убиени 20 репортери. Вкупно 91 новинар е убиен во 2008 година додека извршувалезадолженија. Од организацијата посочуваат дека расте заканата за киднапирање новинари. Организацијата повика Советот за права на човекот на ОН да свика летоска посебна сесија за заканите кон новинарите по светот.

{loadposition content9}