Skip to main content

Во Охрид и Дебрца бројот на заболени од грип највисок во Македонија

Во Охрид и Дебрца на крајот на јануари бројот на заболени од грип највисок во Македонија. Од Центарот за јавно здравје велат дека сезоната на грип е сеуште активна иако се очекува постепено бројот да опаѓа. СЕ стравува само од појава на нов тип од ова заразно заболување што може повторно да доведе до зголемување на бројот на заболени.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Според извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип во РМ во четвртата недела од јануари најголем број на заболени од обва заразно заболување има во Охрид и Дебрца. Од Центарот за јавно здравје велат дека во месец јануари кај нив се пријавени 1027 заболени од грип. Првата недела 428, втората 224, третата недела 228, четвртата недела 149 заболени. 92% од заболените се на возраст од 15 до 64год. Втората недела од јануари најголемиот број од заболени биле деца, а четвртата само 9 заболени биле деца а останатите 140 се возрасни.

Вака високата активност на вирусот на грип во Охрид и Дебрца укажува на тоа дека сезоната на грип е сеуште активна. Се очекува и во наредниот период до дваесеттата недела на 2017та да имаме висока бројка на заболени но не со таков интензитет како во месец јануари бидејќи поголем дел од заболените веќе имаат стекнато имунитет, вели епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

Овие епидемиолошки податоци за заболени од грип  укажуваат на еден ран почеток на сезоната на ова заразно заболување со пик во втората половина на декември и почеток на јануари. Коровешоска вели дека бројките ќе беа уште повисоки доколку Комисијата за заразни болести не дадеше препораки за вонредна дезинфекција на јавните простории.


Секако дека ефект има затоа што се почитуваа препораките на Комисијата за заразни болести, извршена е вонредна дезинфекција на сите здравствени установи, на детските градинки, училиштата, јавниот превоз. Многу придонесе и едукацијата на населението со она редовно миење раце, правилно користење и фрлање на хартиени марамчиња, вели Д-р Коровешоска.

Лабораториски испитаните материјали кои досега се испитани укажуваат на присуство на вирусот на инфлуенца од тип АХ3. Доколку се појави некој под тип тогаш во наредниов период се очекува зголемување на бројот на заболени, велат епидемиолозите.