Охриѓани најмногу претставки до народниот правобранител поднеле против правосудството
Незадоволство од донесени судски и јавно-обвинителски одлуки како и од незаконско блокирање од страна на извршителите, се најчестите причини за претставките што охриѓани ги поднеле до јавниот правобранител.
На почетокот на годината се сумираат резултатите од работата на Народниот правобранител во 2016 год. Секоја регионална канцеларија изработува годишен извештај кој се испраќа во Скопје. Даут Селими заменик правобранител за ТВМ открива дека, од Охрид, вкупно биле поднесени 62 предмети од кои решени биле 47 предмети. Засега само 8 предмети биле во корист на граѓаните а 7 биле во тек на реашавање. Селими информираше дека, најголем дел од претставките се од областа на правосудството и радиодифузните такси. Имало претставки и од областа на социјална заштита, пензиско-инвалидско осигурување, кои најчесто се однесуваат на незадоволство од одложување на постапките во второстепените органи, по поднесена жалба на решенија донесени од првостепените органи. Подеднакво по број, според Селими биле и претставките од имотно-правната област, кои се однесуваат претежно од сè уште незавршен постапки по однос на приватизација на градежно земјиште, легализација на бесправно-изградени објекти и сè уште незавршени предмети од областа на денационализацијата. Додека пак искуствата на дел од охридските адвокати зборуваат дека не би можела да се генерализира состојбата околу тоа кои од предметите и во која област доминираат.
„Граѓаните се оптеретени со сметки, со плаќање и т н…тие се секојдневни предмети, но има различни предмети од сите области не би можел да набројувам и не би можело да се заме како резултат да кажеме најчесто се овие предмети или други, бидејќи предметите се различни“
Инаку Извештајот за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, до Собранието на РМ се поднесува најдоцна до 15-ти март и истиот се разгледува на седница на Собранието, на која задолжително присуствуваат членови на Владата на РМ.