АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град
АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град. Во новиот продажен центар можат да се најдат најразлични производи за домаќинство како и инвентар за кујна и дневна. Покрај богатиот асортиман и квалитет оваа продавница се издвојува и по ниските цени на производите.
Охрид доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град. На простор од 600 метри квадратни, на два ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Охрид. Овај бренд постои веќе 23 години и успешно работи со 8 други продажни центри во државава. Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и прифатливите цени, а секако не заостанува и по квалитетот на производите кои ги нуди. Денес охриѓани кој од љубопитност кои од потреба го посетија овој продажен простор и со задоволство коментираа дека една ваква продавница му недостигаше на градов. Тие купуваа за себе, но и за подарок за своите најблиски. Менаџерскиот тим на АТВА Хоум Центар за во иднина најавува многубројни акции, намалувања и попусти. Продажниот центар се наоѓа позади Охридска банка во некогашниот простор на Велпорц.