Охридски функционери и членови на Вмро Дпме протестираа против СЈО
Охридски функционери и членови на Вмро Дпме протестираа против СЈО.
185 охридски функционери и членови на Вмро Дпмне протестираа пред СВР Охрид. Тие на овај начин искажаа револт кон претставнците на СЈО и начинот на врачување на поканите за сослушување во врска со донациите кои ги давале на партијата за предвремените парламентарни избори во 2014. Повиканите на информативен разговор функционери и членови на Вмро Дпмне сметаат дека во чинот на донирање за партијата немало ништо спорно. Донацијата е легална и правна работа, имаме право, сме донирале и ќе донираме, кажа Љубен Арнаудов претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
„ Тие доаѓаат не испитуваат зашто сме дале 1000 денари донација за партијата. Нека се насочат на проблемите на криминалните зделки 1 евро за мене 1 евро за брат ми. Ние се собравме овде и ќе дадеме отпор и нема да дозволиме да прават што сакаат не е ова фашизам, апартхејд. Нас не обвинуваат за нешто, а тие тоа го прават. Ние сме организирани и заедно ќе влеземе овде сите ги имаме овие покани“, кажа Арнаудов.
Пратеникот Сашо Василески беше меѓу присутните. Според него СЈО спроведува селективна правда и досега немале ниту еден изведен документ за криминалот на СДСМ и Заев. Во Охрид Вмро Дпмен победи со 2000 гласа разлика, а ова што денес се случува, според него, е хајка и фрустрација на СДСМ и Заев пред локалните избори кои почнуваат за 2-3 месеци. Василески кажа дека се кае што дал поддршка на СЈО како пратеник во претходниот состав во Собранието
„ Сакам јавно да кажам дека во мене постои длабоко разочарување затоа што ова СЈО зазема страна и од денес за мене е селективно јавно обвинителство“, напомена Василески.
Гоце Георгиески, директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор како и Каролина Буџакоска член на паријата реагираа на начинот на кој полициски службеници им ги врачиле поканите за сослушување.
„ Вчера со полициско комбе дојдоа дома да ме претстават како криминалец. Јас не сум Зоран Заев и Зоран Верушески. Тие земаа пари од држвата, ние дававме. Како граѓани на Охрид дониравме и за Стајковци, и за партијата и за изнемоштени лица и повторно ќе донирам“, кажа Георгиески.
„ Дома на врата од службеници на СВР Охрид бев побарана пред моите деца. Нема смисла СЈО да ги малтретира граѓаните членови на Вмро Дмпне да бидат повикани како членови и да сведочат за донација на партијата. Јас секогаш сум донирал и ќе донирам за паријата, за сиромашните, за поплави и земјотреси и други работи “ , кажа Буџакоска.
СЈО во зградата на Секторот за внатрешни работи започна со спроведување информативни разговори со околу 200 лица. Сослушувањето ќе трае во наредните денови, а членовите и симпатизерите на Вмро Дпмне најавија дека тие ќе бидат тука секој ден додека трае сослушувањето.