Skip to main content

За празникот Св.Трифун изложба на фотоклубот Охрид

За празникот Св.Трифун изложба на  фотоклубот Охрид

 |  Валентина Неловска  | 

 

Вечерва на празникот Св.Трифун ќе бидат изложени  30 фотографии, 15 на Марија Савеска и исто толку на Дарко Бошњак.  Обајцата се членови на фото клубот Охрид. Фотографиите на Дарко Бошњак се на тема рефлексија на Охридското Езеро,  додека пак на Марија  Савеска – улична фотографија од светските метролопи, Стокхолм, Берлин, Истанбул и Скопје. За своите фотографии Савеска напоменува дека настанале во последните три години при нејзините патувања во европските земји.

„Додека сум дома во Охрид, градот е прекрасен и сликам убави пејзажи и најчесто  природа, но кога ќе прошетам настрана, кога сум во друг град правам улична фотографија. Тие мали моменти на улицата кои ги гледам, малите приказни сакам да ги доловам и да ги прикажам овде“, кажува Савеска.

За љубовта кон фотографијата таа кажува дека датира од нејзината најмала возраст. Подарокот кој го добила во детството подоцна во животот   максимално наменски го искористила.

„Еден од првите подароци од родителите беше аналоген фотоапарат. Потоа продолжив со сликање на филм  и како минуваа годините сум љубител на уметноста. Преку фотографијата  заклучив дека можам најдобро да се искажам. Па решив да изложам некои од делата и се надевам дека ќе им се допаднат на сите“, вели Савеска.   

 Вечерва, љубителите на уметничката фотографија ќе може да видат  прекрасни слики и да уживаат во добро вино во Винаријата во близина на црквата мал Св. Климент. Со изложбата „ Вино и фотографија“се највува  циклусот на  изложби кои ќе следуваат годинава. Изложбата ќе биде отворена и во следните денови.