Вљубено такси за сите вљубени охриѓани
Вљубено такси за сите вљубени охриѓани. Св. Валентајн-Денот на вљубените некои го празнуваат, а некои не бидејќи не е православен празник. Но, без разлика на тоа љубовта сите нас не соединува. Инсајд Ауто, охридскиот дилер на возилата на Цитроен организира целодневно бесплатно такси возење под слоганот „Од Цитроен со љубов“.
Вљубено такси за сите вљубени охриѓани. Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Citroën организира целодневно бесплатно такси-возење со Citroën C4 Cactus под слоганот „Од Citroën со љубов“. Екипа составена од два члена во текот на целиот ден бесплатно ги пренесуваат сите вљубени во градот до саканата дестинација или пак до нивниот сакан или сакана и заедно им подготвуваат изненадувања за Св Валентајн-Денот на вљубените.
Иако не е наш православен празник, но љубовта сите нас не обединува, младите се повеќе го почитуваат, па затоа и ние се одлучивме да го одбележиме со една ваква акција, вели Снежана Митреска, сопственик на Инсајд Ауто.
Има и слатки подароци за сите кои ќе се возат со вљубеното такси, како и многу забава. Екипата на Супер радио ќе ги информира слушателите каде во моментот е слободно „вљубеното такси“ на Inside Auto. Акцијата започна во 11:00 часот.
Се надевам дека ќе има интерес кај нашите сограѓани. Од минатите искуства кога спроведувавме вакви слични акции увидовме дека охриѓани знаат да препознаат нешто што е ново и интересно, па очекуваме и денес многу парови да се возат со љубовното такси, вели Митреска.
Ова не е прва ваква акција на Inside Auto. Неодамна организираа интересен настан за потенцијалните купувачи на Citroën наречена „Овој човек има стил, вози Citroën“ кога на сите кои возат цитроен им беа подарени шарени балони кои беа заврзани за нивните коли.